Штипските “сини“ ги стартуваа подготовките во Пехчево

298

Како што и беше најавено, од вчера експедицијата на Брегалница се пресели во Пехчево каде во извонредни услови ќе продолжи со одработување на подготовките за новата сезона во ПМФЛ, во која ќе настапува и штипската фудбалска гордост.

Во Пехчево “сините“ веќе го одработија првиот тренинг, а таму ќе тренираат десетина дена, потоа се селат на Златибор.

Инаку првиот првијателски меч, момците на стратегот Марјан Секуловски ќе го имаат на 3 јули, и тоа против составот на Борец од Велес. На Златибор пак ќе одиграат најмалку четири пријателски мечеви.

ПретходноДенеска стартуваат квaлификациите за пласман на ОИ во Токио
СледноЗагрозено учеството на Вардар во ЛШ – ЕХФ бара депозит од 1 милион евра!