Јунакот на Швајцарија: Ми доаѓа да плачам, бевме на дното!

1033

Јан Сомер е јунакот на Швајцарија. Во пенал серијата против Франција го одбрани ударот на Клијан Мбапе за „експлозија“ во своите редови. Репрезентацијата на Швајцарија оди во четвртфиналето каде за противник ја има Шпанија.

„Ова беше неверјатна фудбалска вечер, покажавме одличен менталитет. Горд сум на целиот тим. При 3-1 никој не веруваше во нас, но пред мечот се договоривме: што и да се случи, без разлика на сценариото одиме до крај.

Французите беа силни, постанаа и арогантни. Ова што сега го направивме е едноставно неверојатно. Ми доаѓа да плачам од срце, бевме на дното, но се вративме по неверојатен пресврт. Ова е лудо“, рече голманот на Борусија Мехенгладбах.

ПретходноКлиперси останаа во живот, фанстатична партија на Џорџ (ВИДЕО)
СледноЌе има жестоки казни за “За шиптари гасна комора“ и “Македонско девојче, ку*ва голема“!