Англија напаѓа со Сака и Стерлинг, Германците со три измени и со Вернер во нападот

121

Англија- Германија, фудбалска класика во осминафиналето на ЕУРО 2020. Мечот се игра од 18 часот на „Вембли“ пред 40.000 гледачи, а веќе се познати составите. Како што се очекуваше селекторот на Англија, Герет Саутгејт ја смени формацијата и ќе оди со 3-4-3 со Мегваер, Стоунс и Вокер како бекови. Лук Шо и Киран Трипие ќе делуваат како крилни бекови.

Во нападот е Хари Кејн, а од позадина Букајо Сака и Рахим Стерлинг. Саутејт се определи за нешто подефанзивна варијанта па Грилиш, Фоден и Маунт останаа на клупата.

Лев направи три измени во составот од мечот со Унгарија. Томас Милер се враќа, во првиот тим е Тимо Вернер на местото на Серж Гнабри. Леон Горецка стартува место Илкај Гундоган.

ПретходноФранк Де Бур: Ја сум виновен и ќе понудам оставка
СледноФернандињо во Сити и следната сезона