Иако денеска се игра епскиот меч меѓу Англија и Германија, во рамките на 1/8 финалето на ЕУРО, сеуште се прикажува, коментира и раскажува се она што се случуваше вчера на ЕП. Две супер средби, две “лудници“ во Копенхаген и Букурешт, вкупно 14 голови, пресврти, изведување на пенали, фантастичен фудбал, продолженија и сето тоа во еден ден.
Според добрите познавачи на фудбалот вчера беше епски ден, и затоа 28 јуни 2021 година треба да се запише како златен датум во фудбалскиот свет. Веројатно никогаш нешто слично нема да се повтори. Селекциите на Шпанија, Хрватска, Швајцарија и Франција на фудбалскиот свет им понудија невиден спектакл. Секој фудбалски фанатик кој од икс причини не можел да ги следи овие два меча засекогаш ќе жали, додека е жив.
Вчерашниот ден уште еднаш покажа зошто фудбалот е КРАЛ на спортовите, зошто фудбалот е на прво место, па неколку скалила под него, па дури потоа на ред доаѓаат останатите спортови.
Во прилог на ова говори и коментарот на Гари Линекер, некогашната голема ѕвезда на Тотенхем, Барселона и репрезентацијата на Англија кој по повод вчерашните мечеви на ЕУРО 2020 истакна…
“Ова е веројатно најдобриот фудбалски ден кој сум гледал. Две фантастични средби, кои како да беа пресликани една со друга. Неверијатни сцени“ посочи Линекер.