Македонската Дејвис Куп репрезентација пред неколку дена имаше успешна мисија во Скопје каде ја мина групата, се најде на второто место на табелата и сега направи скок од четвртата во третата зона од ова натпреварување. Победи над Косово, Андора и најважната со Молдавија, по оној незгоден пораз во третата рунда од Сан Марино.
Во оваа наша репрезентација младиот Калин Ивановски имаше блескав и перфектен настап со максимален ефект од четири победи на четирите сингл натпревари. Со максимални 2:0 во сетови беа совладани искусни играчи од ова наше младо момче, кое скопскиот „покер“ на четири победи му е огромен мотив за следниот предизвик.
Супер „Калин“ кој има 17 години и кој е на 1654 место на АТП листата кон средината на јули оди на јуниорскиот турнир од Вимблдон. Со игрите, динамиката и стилот на игра несомнено Ивановски треба да биде нашата голема надеж во овој спорт во кој сме немале големи потенцијали и ѕвезди.
Покрај Ивановски во Дејвис Куп дуелите кое се играа во Скопје добар ефект имаше и Горазд Србљак кој има 23 години и подобар рејтинг од Калин Ивановски со моменталниот пласман на 1055 место на АТП листата.