Франција е елиминирана од Швајцарија на ЕУРО по изведување на пенали. Во регуларниот дел беше 3-3, додека серијата на удари од белата точка заврши со 5-4. Трагичар на мечот беше Килијан Мбапе, го промаши последниот пенал.
Швајцарија во четвртфиналето во петок ќе игра против Шпанија, која по продолженија ја совлада Хрватска со 5-3.
Мбапе се огласи по мечот преку социјалните мрежи.
„Жал ми е поради пеналот. Сакав да им помогнам на момци, но не успеав. Сега тешко ќе заспијам. За ќал и ова се случува во спортот, кој многу го сакам. Навивачи, знам дека сте разочарани, но сакав да ви се заблагодарам на поддршка, секогап верувавте во нас“, пиша Мбапе.