Манарино предаде, Федерер се протна во 2. коло на Вимблдон

278

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се пласираше во второто коло на Вимблдон откако го елиминираше Адријан Манарино, но откако Французинот беше принуден да се откаже од мечот поради повреда при резултат 2:2 во сетови.

По два часа и 45 минути игра резултатот беше нерешен – 6:4, 6:7 (3), 3:6, 6:2. Федерер славеше во четвртиот сет, а на крајот од тој дел од играта беше јасно дека Французинот има големи проблеми со движењето, па затоа предавањето на мечот не беше изненадување.

Следниот противник на славниот Швајцарец ќе биде Ришар Гаске, кој го совлада Јуичи Сугита со 3:1.

ПретходноБенитез се договорил со Евертон, Фенербахче се обидува да го премисли
СледноИ тоа се случи: Сите репрезентации од „Групата на смртта“ „загинаа“ во осминафиналето