Иако беше еден од гланите фаворити за освојување на титулата на тековното ЕУРО, репшрезентацијата на Холандија, шокирачки беше елиминирана уште во осминафиналето од страна на одличната Чешка.
ЈАвноста ги „распна“ играчите, се бара одговорност, а како што тоа бива со големите тренери се јави селекторот на Холандија, Франк Де Бур во одбрана на своите избраници.
„Јас сум виновен и оставете ги играчите на мир. Ја презимам целата одговорност и ќе понудам оставка“ – изјави Де Бур.
Де Бур е многу кратко на кормилото на Холандија, само една година.