Французите бараат оставка од Дешамп, го сакаат Зидан за селектор!

864

Јавноста во Франција, посебно онаа фудбалската, е во шок. Ретко кој очекуваше дека “триколорите“ кои важеа за најголеми кандидати за титулата на ова ЕУРО, ќе се “сопнат“ уште во осминафиналето и тоа од Швајцарија.

Му се замерува на селекторот Дидие Дешамп дека на синоќешната средба со Швајцарија направил грст грешки, посебно што дозволил неговите момци при водство од 3:1 да играат како што играа. Му се замерува и поради излегувањето на Гризман, “караницата“ со Коман и слично. Се потенцира дела само тој е винивникот што Франција е елиминирана толку рано од турнирот.

Па затоа се бара оставка до него, а ако истата ја нема, тогаш да му се даде отказ и под итно да се назначи Зинедин Зидан за нов селектор.

Да потсетиме дека договорот на Дешамп важи до 2022 година, односно тој треба да ја води селекцијата на Франција и на СП во Катар 2022. Дури потоа Зидан требаше да дојде на негово место, но се чини дека екс стратегот на Реал Мадрид и нема да има вистински одмор.

ПретходноИван Галевски пред потпис со Струга ТЛ!
СледноДалиќ на жестоки критики, одговори дали ќе поднесе оставка