Хрватите играле со погрешен грб на дресот

373

Невиден пропуст од страна на Хвратскиот фудбалски сојуз, односно одговорните лица за опремата на репрезентацијата.

Хрватите вчера во рамките од осминафиналето од ЕУРО загубија од Шпанија со 5:3, но откако стивна еуфоријата околу убедливо најинтересниот досега меч одигран на овој турнир, излезе на виделина скандал кој ни малку не е наивен.

Имено, на дресот на Хрватска се наоѓа грб кој не оној правилниот туку оној на Независната Држава Хрватска (НДХ) која што опстојуваше за време на втората светска војна и е со предзнакот Усташка. Фудбалскиот сојуз на Хрватска ја призна грешката и излезе со соопштение.

„Целиот материјал кој се печати во име на ХНС, е од страна на компанијата Ситотисак Деколор, и поради овој пропуст ќе се бара одговорност од нив. За жал, дојде до ненамерна грешка, во рачниото векторско цртање, а потоа и во печатењето на грбот односно знамето на Хрватска на дресот.

Ќе се бараат дисциплински мерки и казни за вработените кои се одговорни за ова, и за што јавно и се извинуваме на јавноста во Хрватска. Секако, ХНС одбива секаво тврдење дека се работи за намерен пропуст“ – стои во соопштението на сојузот.

 

ПретходноБрегалница го промовираше Бугаринот Минчев!
СледноДаев: Лазаров се откажа, но ние продолжуваме понатаму