Еуро 2020: Италија посилна за Киелини во четврфиналето со Белгија

220

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини се врати на тренинзите на италијанската репрезентација и најверојатно ќе биде во почетниот состав на „аѕурите“ за мечот со Белгија во четвртфиналето на Еуро 2020.

Капитенот на „аѕурите“ се здоби со повреда на натпреварот против Швајцарија во групната фаза и не беше во составот за следните два натпревари. Според „Скај Италија“, Роберто Манчини ќе тргне со истите единаесетмина кои го започнаа мечот против Австрија, а единствена промена ќе биде вклучувањето на Киелини на местото на Франческо Ачерби.

ПретходноЛиверпул и официјално гo враќа Кабак во Шалке
СледноАнглија се откажа од 2500 билети за мечот во Рим против Украина