Шпанскиот играч за врска Борха Валеро ја заврши кариерата. Веста ја објави на својот профил на Инстаграм.
Последната сезона 36-годишникот ја помина во Фиорентина. Претходно играше за Интер, Виљареал, Мајорка и Вест Бромвич Албион. Валеро е дете на Реал, но одигра само два натпревари за првиот тим на клубот од Мадрид.
Борха има и еден натпревар за репрезентацијата на Шпанија. Во кариерата дојде до финалето на Лигата на Европа со Интер, а со Фиорентина се пласираше во финалето на Купот на Италија.