Дебитантот во Првата лига, Ангели продолжува со градење на составот за новата сезона. Раководството на клубот потпиша нов млад кошаркар. Станува збор за Андреја Делоски, младински македонски репрезентативец, кој има настапувано во редовите на Работнички, Црн Дрим и Вардар.
Претходно Ангели се договорија со Дамјан Крстевски, а во ростерот на тренерот, Горан Ѓорѓиевски ќе се најдат и други млади кошаркари.
Целта на овој клуб ќе биде инвестиција во иднината на мак-баскетот, давање шанса на помладите кошаркари, кои само на овој начин можат да созреат и да чекорат по вистинските патеки.