Екипата на Работнички одигра 0:0 против тимот на Напредак Крушевац попладнево на стадионот во Пехчево во рамките од подготовките ова лето.
Ова за „Романтичарите“ беше прв пријателски дуел, и нормално што се одигра без голови. Вреди да се напомене дека Работнички утна неколку можности за гол на овој меч.
Тренерот Александар Влахо го стартуваше мечот со следниот тим: Мустафа, Вецески, Кировски, Илиевски, Стојков, Тодоровски, Максимов, Ристовски, Тантуровски, Стојкоски, Станковски. Во второто полувреме играа и Јанков, Исмаел, Османоски, Ангелов, Мисердовски, Лазаров, Амгеловм, Сухељ, Хајдари, Ѓурчиновски, Бафтијар, Николовски.