Тимот на Брегалница активно се подготвува за она што следува следната сезона, а тоа е секако прволигашката битка.
Штип едвај чека Брегалница да заигра во „елитата“ и во таа насока клубот прави се што е во негова моќ за да создаде што посилен тим.
Нови играчи денеска нема, но затоа пак има нови договори за старите играчи.
Мартин Стојанов, Владимир Дујовски и Наумче Бакрачески денеска се обврзаа за нова соработка со Брегалница, а тоа го заслужија со игрите и залагањето во изминатиот период.