Младите кошаркари на Барселона му се реваншираа на својот најголем ривал во историјата на шпанските и европските натпреварувања, тимот на Реал Мадрид.
Каталонскиот гигант во јуниорското финале славеше со убедливи 102-63 и го подигна пехарот во оваа конкуренција.
Теодор Симиќ во триумфот на Барселона постигна четири поени, еден скок и асистенција за нецели 10. минути во игра.