После два порази по ред, Атланта успеа во четвртиот натпревар убедливо да слави против Милвоки, и да дојде до израмнување во серијата.
Тоа им успеа благодарение на одличната игра на Ли Вилијамс и Богдан Богдановиќ. Вилијамс уфрли 21 поени додека Богдановиќ имаше учинок од 20 поени.
На убедливиот пораз на Милвоки влијаеше и повредата на Јанис Адетокунбо кој за 24 минути постигна 14 поени. И натаму не е познато дали и колку ќе паузира.
Следната средба е закажана за два дена во Милвоки.