Белгија-Италија е шлагот на четвртфиналето, Англичаните имаат супер шанса за финале

274

По завршувањето на осминафиналните парови, веќе се познати четвртфиналните мечеви на ЕУРО 2020.

Четвртфиналето го отвараат Швајцарија и Шпанија на 2 јули во 18 часот во Санкт Петербург, а истиот ден (21:00 ч.) се игра мега-пресметката помеѓу Белгија и Италија едни од главните фаворити за трофејот. Тој меч се игра на „Алијанц арена“ во Минхен. Наредниот ден се останатите натпревари, Чешка игра со Данска на Олимпискиот стадион во Баку (18 часот), а потоа Украина ќе игра со Англија на „Олимпико“ во Рим (21 ч.).

Победникот од мечот Украина-Англија ќе оди на подобриот од Чешка-Данска во полуфиналето. Овој пат навидум е полесен со оглед на рејтингот на репрезентациите, но не може да се каже со сигурност дека Англија ќе се прошета до финалето затоа што на ова ЕП фаворитите на поминаа најдобро.

ПретходноВардар 1961 од вториот шешир ја чека ждрепката за групите во ЛШ
СледноБрајтвајт се сели во Валенсија