Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, и официјално, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Германскиот клуб се договорил со Манчестер Јунајтед за условите за трансфер на Англичанецот, а веста вечерва ја потврди и авторитетниот германски весник Билд.
„Црвените ѓаволи“ прифатиле да му платат на Дортмунд 85 милиони евра, со можност, вредноста на трансферот да се искачи и на 95милиони евра, во зависност од бонусите и настапите на фудбалеро.
Санчо ќе добие петгодишен договор со Манчестер Јунајтед. Претходно беше објавено дека тој ќе заработува повеќе од 250.000 фунти неделно, земајќи ги предвид и бонусите.