Откако Барселона ги ангажираше Кун Агуеро и Мемфис Депај, јасно е дека данскиот напаѓач Мартин Брајтвајт треба да си бара нова средина.
Според информациите од Шпанија, најблиску до неговите услуги е тимот на Валенсија кој има потреба од напаѓачот, а ја користи можноста да го ангажира со оглед дека нема да го плати скапо, а и Барселона ќе сака да го продаде и да заработи на него.
Брајтвајт во моментов е на ЕУРО каде со неговата Данска очекува меч против Чешка во 1/4 финалето.