Дали е можно? Мак-играчи го „бојкотираат Градски парк“?

2645

Македонските клубови на големо се подготвуваат за новата сезона. На пазарот засега на прво место е домашниот производ, сите се во трка да дојдат до услугите на квалитетни кошаркари, без кои не можат, секако поради правилото на КФСМ за македонски играчи, со спротивно „песната“ ќе беше поинаква.

Најголем проблем во овој дел, засега има Работнички. Велиме најголем, бидејќи станува збор за најтрофејниот кошаркарски колектив во нашата земја. Некогаш за дресот на овој тим, играчите се „тепаа“, сега има одбивност кон истиот.

Новото неофицијалниот трио на тимот од „Градски парк“ буквално се мачи. Симиќ, Чековски и Тасовски се на голема мака. Не можат да договорат ниту еден македонски кошаркар, процесот е спор, а проблемот е голем.

Работнички веќе го напуштија тројца домашни кошаркари, на пат е да си замине уште едно име, а со оние кои преговараат, особено со подобрите играчи тешко наоѓаат заеднички јазик, сите со недоверба гледаат кон „црвено-белите“.

Зошто ова е вака, сигурно знаат челниците на клубот, кој стана „кираџија“, без сала, без услови како што треба да има еден трофеен клуб.

ПретходноМитревски има една од најдобрите одбрани во Лигата на шампиони (ВИДЕО)
СледноВидеолотарија Касинос Австрија со донација за ССК Магнум Богданци