За Беседин заврши Еуро 2020, ќе мора да паузира 6 месеци

334

Артeм Беседин, напаѓачот на Украина кој вчера доби жесток старт од шведскиот репрезентативец Даниелсон, го заврши учеството на Европското првенство.

Селекторот Андриј Шевченко не може да смета на напаѓачот на Динамо Киев, кој има потешка повреда на коленото. Скенерот покажа дека Беседин има оштетување на лигаментите и веројатно ќе паузира околу шест месеци.

„Останува да се направат подетални анализи. Лекарите ќе го дадат последниот збор, колку долго ќе трае закрепнувањето. Првите прогнози се од три до шест месеци“ , се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Украина.

ПретходноСтруга Трим Лум со триумф над Теута на „генералката“ пред Европа
СледноШкендија од утре ќе продава билети за мечот со Мура