И Енис Дервиши во Воска!

1320

Новиот член на Втората лига – запад, тимот на Воска од Охрид, и тоа како се засилува. Имено по вчерашната промоција на Изаир Емини, раководството на клубот денеска се пофали и со Енис Дервиши.

Дервиши има 23 години, дете е на Шкендија, а бил член и на Работнички, Гостивар а последен клуб му беше Тетекс. Игра во средниот ред, а може добро да се снајде и на десната бековска позиција. И ова е големо засилување за новиот второлигаш.

Инаку од таборот на Воска велат дека и натаму имаат намера да ги засилат своите редови и да направат конкурентен тим, амбициите се големи за следната сезона за составот на стратегот Раде Цицмиловиќ.

ПретходноСалернитана го губи местото во Серија А
СледноМеси од полноќ е слободен играч