Тукушто пристигнатиот дефанзивец во таборот на Борец, Ице Каракамишев си замина од Велес.
Спортмедиа дознава дека тој и клубот, сепак решиле да замина на различни страни и Каракамишев следната сезона ќе настапува за друг клуб.
Тој беше најавен како едно од неколкуте засилувања ова лето за Борец, но очигледно дека првичните планови нема да се остварат.
Каракамишев инаку е екс Македонски младински репрезентативец кој во минатото настапуваше за Кожуф, Металург, Силекс….