Ливерпул и официјално гo враќа Кабак во Шалке

272

Турскиот централен бек Озан Кабак ќе го напушти Ливерпул на 1 јули по истекот на договорот за закуп и ќе се врати во Шалке. Очигледно Кабак не ги задоволи барањата на Клоп во финишот од сезоната кога беше доведен како итно решение за дупката во дефанзивната линија.

„Би сакал да му се заблагодарам на клубот за поддршката што ми ја дадоа од првиот ден. Ова искуство беше многу важно за мене. Научив многу од Јирген Клоп и моите соиграчи. Секогаш ќе ги паметам деновите поминати во Ливерпул“,  изјави Кабак.

На крајот на мај беше објавено дека Ливерпул нема да го купи дефанзивецот на Шалке за 18 милиони евра.

ПретходноНа 36 години ја заврши кариерата: Борха Валеро објави пензионирање
СледноЕуро 2020: Италија посилна за Киелини во четврфиналето со Белгија