Македонија ќе падне за девет места на ФИФА листата?

839

Како што велат проекциите, нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе падне од 62. на 71. место на ФИФА листата. Односно тоа ќе биде пад од цели девет места и тоа поради трите порази на Македонија на ЕУРО 2020, од Австрија, Украина и Холандија. Да потсетиме дека на 27 мај ФИФА ја објави официјалната ранг листа на која Македонија беше на 62.место. Следното објавување ќе биде на 12 август.

Ова значи дека новиот селектор Благоја Милевски ќе ја преземе репрезентацијата од 71. место. Да потсетиме дека тој на селекторската функција ќе дојде на 1 август.

ПретходноСимон за автоголот: Не можам да објаснам што се случи, сонцето не ми сметаше…
СледноМитревски има една од најдобрите одбрани во Лигата на шампиони (ВИДЕО)