25-годишниот центар на Пелистер, Михајло Арсоски од вечерва е нов член на новајлијата во македонската кошаркарска елита, екипата на Феникс.
211 сантиметри високиот Арсоски, минатата сезона одигра само 4 меча за Пелистер со просечна минутажа од 5 минути по натпревар и просек од 1,75 коша по меч. Инаку, сезоната ја започна како член на Црн Дрим за кој имаше 13 настапи со просек од 8,15 поени по меч.