Андреј Настовски, еден од најперспективните млади кошаркари во домашниот шампионат, следната сезона ќе биде дел од тимот на Куманово.
Тој доаѓа од тимот на Црн Дрим, а висок е 192 сантиметри. Игра на позицијата бек.
Ова не е прва активност летово на Кумановци, затоа што веќе го доведоа, Стеван Глигоријевиќ од Србија, а договорија и нова соработка со актуелниот тренер Игор Ѓорѓиевски.