Некогашниот селектор на хрватската кошаркарска репрезентација, Велимир Перасовиќ е нов тренер на Уникс Казан.
Овој тим играше во руското финале, но убедливо беше совладан од ЦСКА со 3-0. Во Фиба Еврокупот исто се бореше за титула, но загуби од Монако. Следната сезона Уникс ќе игра во Евролига.
Перасовиќ во 2015 година ја водеше Хрватска на Евробаскетот. Во својата кариера 11 сезони водеше тимови кои се дел од Евролига, меѓу кои и Барселона со која во 2006 и 2016 година стигна до Ф4, три години беше во Анадолу Ефес, две во Цибона и една во Валенсија.