Португалци и судат на Шкендија против Мура во Скопје!

222

Антонио Емануел Карваљо Нобре од Португалија е делегиран за главен судија на мечот меѓу Шкендија и Мура. Ова е првиот натпревар од двомечот во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу прваците на Македонија и Словенија. Овој натпревар се игра на 6 јули со почеток во 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Реванашот се игра за седум дена во Мурска Собота.

Инаку Антонио Нобре има 32 години, неколку сезони суди во елитната лига на својата земја, а често е делегиран за судија на европските натпревари. Знакот на ФИФА го има од 2019 година.

Негови помошници ќе бидат Педро Рибеиро и Педро Алмеида, додека четврти ќе биде Мигуел Бертоло Ногуеира, сите исто од Португалија.

ФОТО: Record.pt

ПретходноВасилевски го обнови договорот со РК Бутел Скопје
СледноСтомачен вирус во Тетово, “фатени“ и неколку играчи на Ренова!