Фудбалската федерација на Италија му постави ултиматум на Клаудио Лотито, до сабота да ја продаде Салернитана во спротивно овој клуб ќе биде исфрлен од Серија А и место него во елитното друштво ќе игра Беневенто. Според правилникот не смее еден човек да е сопственик на два клубови во Серија А, поради конфликт на интереси, а Лотито е претседател на Лацио.
Овој проблем го знае Лотито одамна но изгледа се надеваше дека ФИГЦ ќе попуштат, но не е така. Лотито мора да ги продаде акциите и да нема никаква поврзаност со Салернитана за овој клуб да може да игра во Серија А. Доколку тоа не биде направено клубот кој по 22 години се врати во прволигашкото друштво ќе мора назад, во Втората лига.
Забрането е Лотито да ги предаде или продаде акциите на свои роднини, што е уште еден проблем за Салернитана.