Експедицијата на Шкупи ги заврши финалните подготовки во Охрид и тоа со победа на “генералката“ пред настапот во квалификациите на Конференциската лига следниот четврток во Скопје против Лапи, во првиот дуел од двомечот во 1.квалификациско коло во новото натпреварување.
Денеска во Охрид беше совладана екипата на Дрита со 2:1, тим кој го предводи Ардијан Нухиу, една од легендите на клубот од Чаир.
Стрелци за головите на Шкупи биле Сењор и Алварез од пенал, а голот за косовскиот тим бил дело на нашиот интернационалец Марко Симоновски.
Што се однесува до пријателските мечеви ова лето, во пресрет на евро – настапот, Шкупи одигра со Партизани Тирана (0:1), Шкендија (0:2), Струга ТЛ (1:1) и денескан против Дрита (2:1).