Доминација, просто рутина, на Новак Ѓоковиќ против Кевин Андерсон од Ј. Африка попладнево на Вимблдон. Триумф на Србинот од 3:0 во сетови, а во гемови 6:3, 6:3 и 6:3. Едноставно Новак во овој момент е пресилен за Андерсон, па така заслужено се најде во следната рунда, односно во 3.коло на годинашниот Вимблдон.
Мечот траеше помалку од два часа. Интересно ова беше реприза на финалето од Вимблдон 2018 година.