Јувентус има се поголем интерес за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус. Бразилецот е една од главните трансфер цели на „бјанконерите“ ова лето и тие веќе подготвуваат понуда за него, пренесува „Газета дело Спорт“. Фудбалерот во моментов е со репрезентацијата на Бразил на Копа Америка, а преговорите за негов трансфер во Торино ќе започнат веднаш по завршувањето на турнирот.
Манчестер Сити најверојатно нема да направи големи проблеми во овој процес за Габриел, кој минатата сезона го загуби стартното место. Покрај тоа, „Етихад“ работи напорно за да го привлече Хари Кејн од Тотенхем, што дополнително ќе ги ограничи шансите за настап на Бразилецот