Англија се откажа од 2500 билети за мечот во Рим против Украина

481

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) се согласи да се откаже од 2500 билети на кои имаат право за мечот од четвртфиналето на Еуро 2020 што ќе се игра во сабота во Рим и ги повика англиските навивачи да не одат во Италија.

„Ве молиме имајте предвид дека ФА нема да продава никакви билети преку официјалната туристичка агенција на англиски навивачи за четвртфиналниот натпревар поради ограничувањата што се во сила во Италија и Велика Британија“, стои во пораката на Федерацијата

Меѓутоа, ако некојанглиски навивач сака да го гледа четвртфиналниот натпревар против Украина во Рим, тој мора да помине пет дена во карантин во Италија, а натпреварот се игра за три дена, а при враќањето на британската територија ќе мора да биде во изолација нови десет дена.

ПретходноЕуро 2020: Италија посилна за Киелини во четврфиналето со Белгија
СледноАрсенал испрати понуда за Локатели