Анте Ребиќ со инстаграм „шоу“…. нападна, па избриша, па целосно се поништи

608

Хрватот Анте Ребиќ е на мета на јавноста во својата татковина. Истата го смета за еден од главните виновници за поразот од Шпанија во осминафиналето од тековното ЕУРО, и нормално елиминацијата иако Хрватите беа едни од главните фаворити.

Главната причина за атаците кон Ребиќ е секако моментот во кој тој ги менуваше копачките на сред меч, а при тоа Хрватска прими гол.

Па така, Ребиќ очигледно не можејќи веќе да трпи критики, напиша на инстаграм „сочна“ порака која гласеше.

„На крајот од денот, не е воопшто важно кој е виновникот, најважно е што сме г…а. Лично ми е многу жал што немавме некој кој ќе го искористи потенцијалот на оваа генерација, (плус двајца), за да направиме нешто на ова ЕУРО“ – напиша Ребиќ.

Ова Хрватската јавност го цени како напад врз селекторто Далиќ но и кон стручните соработници при преносите од мечевите во Хрватска Горан Влаовиќ и Роберт Просинечки, две легенди на тамошниот фудбал, кој очигледно не трошеле зборови за да го искритикуваат Ребиќ.

За да, после се ова, фудбалерот се свести што направил, па ги избрише двата поста, и да објави благодарност до навивачите, за да по кратко време го избрише целиот свој Инстаграм профил. Ужасно….

ПретходноЛестер го промовираше Замбиецот за кого плати 27 милиони евра!
СледноСтојанов, Бакрачески и Дујовски и натаму во Брегалница