Лазаревски и Металург ја продолжија соработката

136

Екипата на Металург и пикерот Милан Лазаревски ја продолжија соработката на уште една година. Претходно, тимот предводен од Иван Марковски, го донесе пикерот Костадин Петров, а договорите ги продолжија Златко Хорват и Даниел Дупјачанец.

Засилувања за металурзи ќе бидат и француските интернационалци Кевин и Оливие Њокас, кои потпишаа двегодишна соработка.

Да кажеме дека Металург идната сезона ќе игра во Лигата на Европа.

ПретходноРистовски го презема катарски Ал Рајан
СледноЛазаров: Поради брендот „КЛ7“ многу деца се мотивираа да играат ракомет!