“Пандевци“ преговараат со двајца Бразилци, Хрват, Србин…од 19 до 30 јули во Банско!

672

Академија Пандев во забрзан ритам ги одработува подготовките за наредната сезона. Се тренира во својот спортски комплекс во Струмица, за да од 19 до 30 јули ќе се престојува во Банско.

Што се однесува до играчкиот кадар засега единствено ново име е Мартин Мирчевски, а во моментов клубот преговара со двајца интернационалци од Бразил, потоа на “радарот“ е еден Хрват а веројатно ќе се потпише и со еден фудбалер од Србија.

Се преговара со Марио Крстевски, кој откако му истече договорот со Академија Пандев посакуван кариерата да ја продолжи надвор од Македонија, има понуди и од наши клубови, но има шанси да остане и натаму меѓу “пандевци“, иако оваа опција и не баш така голема.

ПретходноСцени за историја: Како Англичаните лудуваат по триумфот над Германија (ВИДЕО)
СледноКаракамишев се раздели со Борец