Каланоски го засили Силекс

969

Антонио Каланоски е нов играч на Силекс. Тој потпиша на една година за тимот од Кратово, и ќе биде големо засилување за екипата во настапот во Европа и во обидот екипата експресно да се врати во прволигашката конкуренција.

Каланоски доаѓа од Беласица, а во минатото играше за Академија Пандев, Победа, Струга, Младост Царев Двор, Борец, Еуромилк, Металург… Исто така беше кратко дел и од Силекс, и практично се враќа во тимот од Кратово.

ПретходноЧерубини: Роналдо не бара трансфер, Јувентус не го брка
СледноЖарко Барјактаревиќ нов ракометар на Прилеп