Ерата на Никола Матијашевиќ во Македонија заврши. Одбојкарската федерација на Македонија на својата официјална страница соопшти дека нов предводник на „црвено-жолтите“ ќе биде Душко Николиќ.
Како главна причина за смената на селекторот пред Европското првенство е поразот од Данска во финалето на Сребрената европска лига.
Неколку часа по одлуката, во јавноста се огласи капитенот на одбојкарите, Никола Ѓоргиев. Токму со Матијашевиќ, одбојкарите почнаа да пишуваат нова страница, стигнаа до посакуваната цел, се пласираа на две Европски првенства…
