Кејн: Летнавме по победата над Германија, но мораме да се вратиме на земја

111

ФОТО: Официјален профил на УЕФА ЕУРО 2020 на Твитер

Англија ја совлада Германија во осминафиналето и отиде меѓу најдобрите осум на европското првенство, меѓутоа не смее да има опуштање затоа што следуваат уште тешки борби. Следен ривал е Украина, навидум не е тим од светска класа, меѓутоа и Швајцарија и Чешка не беа фаворити против Франција односно Холандија па поминаа во четвртфинале.

Украинците се единствените што „преживеаја“ од групата во која беше и Македонија. Таму беа уште Холандија и Австрија кои испаднаа во осминафиналето.

Напаѓачот на Англија, Хари Кејн, стрелец на вториот гол во победата над Германија со 2:0 вели дека тој триумф даде крила, но сепак бара од своите соиграчи да се вратат на земја и да ја задржат менталната цврстина.

Овој меч (против Украина) нема да биде само физичка, туку и ментална борба. Најважно е да се спуштиме на земја откако полетавме високо по фантастичната победа над Германија. Ќе биде тежок меч, играме на друг стадион, нешто што досега не го направивме на ова Европско првенство.

Имаме јасна визија каде сакаме да бидеме меѓутоа мораме да застанеме цврсто на земја, не се работи за еден добиен меч во нокаут фазата и толку. Следуваат уште неколку и мора да се издржи ова темпо. Потребно ни е сите да бидат фокусирани за тоа што следува. Нема да ја имаме истата енергија која ја имавме на „Вембли“, сега ќе немаме многу навивачи. Затоа мораме да останеме ментално силни и самите да најдеме начин да се мотивираме и да се туркаме напред“, изјави Кејн.

ПретходноКЛ: Холанѓани му судат на Шкупи, Белоруси на Струга Трим Лум, а Силекс ќе има судии од Велс!
СледноПетковски е нов голман на РК Пролет