Мората: Работев со многу тренери, но од Енрике ја добивам најголемата поддршка

176

Алваро Мората беше еден од најкритикуваните шпански фудбалери на ова ЕП поради неефикасноста, односно големиот број на промашувања во првите три меча од групната фаза, меѓутоа никогаш не ја загуби довербата од селекторот Луис Енрике. Мората остана во првиот тим, а тој погоди во клучниот момент, против Хрватите за 4:3 што беше поттик за победата на „фуријата“ од 5:3 на тој меч и пласман во четвртфиналето.

А таму Шпанија ќе игра со Швајцарија. Мората зборуваше за претстојниот меч и за својата моментална ситуација.

Мечот со Хрватска е еден од најважните во мојата кариера во националниот тим. Не успеавме да ја сочуваме предноста во регуларниот дел, но успеавме да постигнеме два гола во продолженијата кои ни дадоа сила.

Под водство на Луис Енрике можам да ги демонстрирам моите квалитети дури и кога сум под притисок на навивачите. Тој веруваше и верува во мене и за тоа многу сум благодарен. Тој како мој ментор ни ја дава најголемата поддршка, ниту еден претходен мој тренер не го направил тоа за мене.

Му го посветив голот и победата над Хрватска на матадорот Гонзало Кабаљеро, кој беше повреден во борба со бик и мораше да ја заврши кариерата. Обично не сум фан на ваква забава, но тие се пример како луѓето ги жртвуваат животите за да ги забавуваат и воодушевуваат другите.

Мојата ролја во шпанскиот национален тим е истата како и во Атлетико – постојано да сум некаде во пеналтикот и да ги завршувам акциите. Се трудам да го дадам најдоброто од себе. Ја знам причината поради која луѓето ми свиркаа(свиркаат), но ќе ја кажам во некоја друга прилика. Се обидувам да не обрнувам внимание и на смртните закани кон мојата фамилија и да се фокусирам на позитивните зборови на дел од фановите.

Наредниот ривал Швајцарија е аутсајдер само на хартија. Така беше и со Хрватска, па бевме во големи проблеми. Знаеме дека се работи за опасен тим, па мораме да го прикажеме најдобриот фудбал. Пред да дојдеме на турнирот не ставаа во редот на фаворити, но на овој шампионат сите тимови покажаа еднаквост, па мислам дека така ќе биде до крајот“, вели Мората.

За тоа кој соиграч би го издвоил во шпанскиот нациоален тим тој го посочи младиот Педри.

Од соиграчите би го издвоил Педри – тој на 18 години игра зрел фудбал. Исто така на високо ниво е Ерик Гарсија“.

ПретходноОдбојкарите добија нов селектор пред настапот на ЕП
СледноЛапорта: Би сакал да објавам дека Меси останува но во моментов не можам