Нов голем трансфер на Чаир: Диак за 600.000 евра заминува во Белгија

1981

Сенегалскиот играч за врска од екипата на Шкупи, Ламине Диак, најверојатно ќе се пресели во првенството на Белгија. Според информации на СПОРТМЕДИА, фудбалерот е во преговори со неколку белгиски клубови, но најблизу до неговиот потпис е екипата на Бершот.

Диак не е на подготовки со Шкупи и многу веројатно е дека ова лето ги напушта Чаирчани. Неговиот трансфер во Белгија треба да биде нов голем финансиски плус за чаирскиот состав, кој веќе заработи околу 800.000 евра од трансферот на Дембо, а сега се очекува приближна сума и за трансферот на Диак во Белгија.

Според некои информации, Шкупи може да заработи до 600.000 евра од заминувањето на Сенегалецот. Ако Диак замине за Белгија, тогаш Шкупи ќе биде значително ослабен за мечевите со Лапи во европските купови.

Претходно„Војната“ во Хрватска се посилна: Просинечки возврати на прозивките на Ребиќ
СледноМанчини ќе направи една промена во тимот за дуелот со Австрија