Фудбалер на Арсенал во сообраќајна несреќа го преврте на покрив својот Мерцедес

483

Младиот фудбалер на Арсенал, Ајнсли Мејтланд-Нилс вчера имал сообраќајна несреќа во која се превртил со своето возило, Мерцедес Г класа. Полицијата соопшти дека опсежно ги истражува причините за неговото превртување.

Иако Мерцедесот во кој се возел младиот фудбалер заврши на покривот, 23-годишниот фудбалер успеа да мине без повреди, благодарение на фактот што се наоѓаше во таков вид возило.

Несреќата се случила на автопатот М-25 во северен Лондон, кога се судрил со друг автомобил.

„Сè што знаеме откако разговаравме со него е дека тој учествувал во несреќата, дека бил неповреден и дека е дома“, потврди портпаролот на клубот за британскиот таблоид „Мирор“.

Претходно„Марка“: Крос ја напушта репрезентацијата на Германија
СледноРафа е само вториот менаџер кој ги тренирал и Ливерпул и Евертон