Од денеска голем број на фудбалери се без договори и се слободни агенти. Секако и ова лето во центарот на вниманието е Лионел Меси. Овој пат аргентинскиот фудбалер е слободен играч, без обештетување може да замине во било кој клуб. Засега нема потврда дали ќе продолжи во Барселона или ќе тргне по нов предизвик.
Во меѓувреме додека се објавуваат листите на слободни играчи, „Скај Спорт“ направи идеален тим на фудбалери чии договори завршија. Покрај Лионел Меси и Серхио Рамос, во изборот се најде и македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски.
Тој веќе има понуди, останува да видиме каде ќе продолжи.