Арсенал испрати понуда за Локатели

219

Арсенал покажува силен интерес за 23-годишниот играч за врска на Сасуоло и итлијански репрезентативец, Мануел Локатели.

„Топчиите“ испратиле официјална понуда за купување на Локатели и наскоро го очекуваат одговорот на Сасуоло. За Локатели е заинтересиран и Јувентус.

Генералниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали, вели дека понуди за Локатели пристигнуваат од повеќе страни.

„Се обидуваме да го смириме момчето, така што сè уште не сме разговарале со него или неговите агенти. Мораме добро да размислиме за иднината на Локатели, но пред сè да се грижиме за неговата сегашност, што значи успех на Италија на Еуро 2020“, вели директорот на Сасуоло.

Минатата сезона, за Сасуоло, Локатели одигра 34 средби во италијанскиот шампионат, на кои постигна четири погодоци и имаше три асистенции.

ПретходноАнглија се откажа од 2500 билети за мечот во Рим против Украина
СледноФеникс по 28 години ќе игра во големото НБА финале (ВИДЕО)