По неколку децении денеска за прв пат тимот на Баерн Минхен профункционира без Ули Хенес односно ниту Карл-Хајнц Румениге на раководна позиција во клубот. Откако поранешниот претседател поднесе оставка пред некое време, сега и поранешниот извршен директор Румениге го стори истото. На негово место денес доаѓа клупската легенда Оливер Кан. Поранешниот голман отсега ќе ги одредува политиката и трансферите со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
„Доживуваме големи економски тешкотии затоа што коронавирусот сериозно не погоди, додека во исто време клубовите од Премиер лигата имаат очигледни финансиски предности пред нас“,рече Сакихамиџиќ на првиот собир.
Денес е посебен ден исто така, бидејќи е прв за новиот тренер на Баварците Џулијан Нагелсман.
„Веќе имаме млад и иновативен тренер. Многу врвни клубови во Европа го посакуваа, па затоа сме многу среќни што тој нè избра нас. Имаме одличен персонал со огромен потенцијал, кој ќе продолжи да се развива. Ова значи дека овој пат ја напишавме домашната задача рано, зајакнувајќи ја одбраната со Упамекано и Омар Ричардс. Како и да е, како и секогаш, внимателно ќе го следиме пазарот до самиот крај. Сепак, во врска со пандемијата, ние сме економски ограничени во можноста да купуваме играчи “ – додаде популарниот Брацо.