Вардар1961 во новата сезона ќе биде посилен за уште двајца нови интренационалци кои доаѓаат од првенството на Франција. Екипата ќе има нови играчи на позициите на лев и десен бек, Диало Бакари и Јоел Куни Моралес.
Французинот Бакари Диало (27) доаѓа од тимот на Трембле. Кубанскиот десен бек Јоел Куни Моралес (34) доаѓа од тимот на Данкерк. Претходно две години беше член на Иври.
Инаку Вардар 1961 ќе го почне подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. По четири дена во Скопје и извршување на потребните медицински прегледи тимот заминува за Златибор кад еостанува до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија.