Договор се уште нема: Меси од денеска е слободен фудбалер

161

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси од денеска и официјално стана слободен играч. На еден од најдобрите фудбалери во историјата му истече договорот со каталонскиот клуб.

Со оглед на тоа што досега не е објавено потпишување на нов договор, сега сите опции се на маса. Најреално е дека Аргентинецот ќе остане верен на клубот, но додека Меси е на Копа Америка, официјална потврда на оваа информација нема.

Од него се очекува да донесе конечна одлука по континенталниот шампионат, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изјави во неколку наврати дека е оптимист за останувањето на Меси.

ПретходноЖФК Каменица Саса се засили со репрезентативка на БиХ
СледноМбапе донесе одлука: Не го продолжува договорот со ПСЖ