Џејдон Санчо е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Оваа информација вчера ја соопштија многу медиуми со назнака дека трансферот е сигурен, а денеска тоа доби и потврда од Борусија Дортмунд каде што игра англискиот репрезентативец.
Од Борусија соопштија дека му дале дозвола на Санчо да го реализира трансферот во Манчестер Јунајтед и дека со клубот од „Олд Трафорд“ е постигнат договор. Трансферот ќе изнесува фиксни 85 милиони евра (без бонуси).
Санчо беше дел од младинските екипи на Вотфорд и Манчестер Сити, меѓутоа никогаш не заигра и за сениорските тимови. Во 2017 година прејде во вториот тим на Борусија Дортмунд, а после три одиграни првенствени натпревари беше прекомандуван во А тимот кој игра во најсилната Бундес лига и таму остана до сега.
Борусија добро ќе заработи од него затоа што го купи за само 9 милиони евра.
🚨🚨🚨Official add-hoc from Borussia Dortmund on the transfer of Jadon Sancho. pic.twitter.com/4rby01wymx
— Vishy (@vishy_united) July 1, 2021